Сутерен.мк

Доктори ампутирале погрешна нога!

На 82 –годишен маж во Австрија му е ампутирана погрешна нога, објави болницата ветувајќи темелна истрага, пренесува агенцијата Хина.

Од клиниката во Фрајштад изјавија дека погрешна нога била означена пред операцијата што довело до оваа „трагична грешка во лечењето“, која пак, била забележана дури при промената на завоите!

Здравствените служби веќе започнале истрага, а известено е и обвинителството. На пациентот се уште треба да му се отстрани „вистинската“ нога, затоа што повеќето заболувања од кои тој страда довеле до нејзино големо оштетување.

Сопствениците на болницата ја уверуваат јавноста дека случајот ќе биде разјаснет и ќе бидат превземени соодветни мерки кон сите инволвирани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *