Сутерен.мк

Европските репрезентации се откажаа од боите на виножитото

Капитените на Англија, Велс, Белгија, Данска, Германија и Холандија, сепак, нема да носат капитенски ленти во боите на виножитите како поддршка за „OneLove“ кампањата за ЛГБТ правата, откако ФИФА потврди дека тие ќе добијат жолт картон ако носат вакви ленти. Националните федерации беа подготвени да ги платат финансиските казни на ФИФА, но не се подготвени да ги загубат своите капитени по два меча.

„ФИФА јасно порача дека ќе има спортски казни ако капитените ги носат капитенските ленти на теренот. Како национални федерации не можеме да си дозволиме да ги поставиме своите играчи во таква позиција. Исфрустрирани сме од одлуката на ФИФА, која нема преседан, а веќе им пишавме во септември дека сакаме да промовираме инклузивност во фудбалот, но не добивме одговор. Нашите играчи и тренери се разочарани“, се вели во нивното заедничко соопштение.

ФИФА пред стартот на Мундијалот во Катар објави дека преку капитенските ленти ќе се праќаат седум различни пораки со социјална порака, по што се предомисли и реши дека пораката „Без дискриминација“ ќе биде достапна на сите мечеви.

Дополнително, фудбалската репрезентација на Белгија не смее да го носи белиот дрес на Светското првенство во Катар. Фудбалскиот сојуз на Белгија, соопшти дека ФИФА им забранила да не го носат тој дрес бидејќи на него пишува „Love“, а колоритните бои на буквите и бројките се поврзуваат со борбата за правата на ЛГБТ заедницата.
Белгија на Светското првенство на сите натпревари ќе мора да ги носат своите црвено-црни дресови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *