Сутерен.мк

ЕУ ги забрани „Гласот на Европа“, „Риа Новости“, „Известија“ и „Росискаја Газета“

Европскиот совет (ЕС) донесе одлука за забрана за емитување во Европската Унија (ЕУ) на уште четири медиуми „Гласот на Европа“, „Риа Новости“, „Известија“ и „Росискаја газета“, кои беа оценети дека шират руска пропаганда и ја поддржуваат руската агресија против Украина, беше објавено на веб-страницата на Службата за надворешна политика на Европската унија (ЕЕАС).

„Тие медиуми се под постојана директна или индиректна контрола на раководството на Руската Федерација и беа од суштинско значење и инструментирани во започнувањето и поддршката на руската агресивна војна против Украина, како и за дестабилизација на нејзините соседни земји“, се вели во соопштението.

Во согласност со Повелбата за основните права, договорените мерки нема да ги спречат овие медиуми и нивните вработени да вршат други активности, како што се истражувањата и интервјуата.

„Руската Федерација беше ангажирана во систематска, меѓународна кампања на медиумски и информациски манипулации, мешање и сериозно искривување на фактите со цел да ја оправда и поддржи својата целосна агресија против Украина и да ја унапреди својата стратегија за дестабилизација на соседните земји, ЕУ и нејзината земји-членки“, наведе ЕС.

Во своите заклучоци од 21 и 22 март, Европскиот совет ја потврди цврстата поддршка на ЕУ за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници и нејзиното легитимно право на самоодбрана од руската агресија.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *