Сутерен.мк

Закерберг пак, „краде“ идеи!

Фејсбук воведува нови можности во време кога пазарот на аудиоформатите експлодираше во текот на пандемијава, од подкастите до платформата Клабхаус.

Генералниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг изјави дека компанијата планира да лансира неколку аудио производи и алатки за барање и пуштање на подкасти.

Фејсбук исто така ќе додаде и алатки за создавање на аудио содржини, куси звучни формати и пред се, „самони за разговор“, звучни и во0 живо, инспирирани од Клабхаусот, каде што корисниците слушаат и учествуваат во разговори без слики.

Брзото ширење на апликацијата Клабхаус, стара само една година, го покажа потенцијалот на сервисот за аудио разговори, особено додека луѓето остануваа дома заради пандемијата од коронавирусот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *