Сутерен.мк

Замина авторот на „До последниот здив“

Познатиот француско-швајцарски режисер, сценарист и филмски критичар Жан-Лук Годар почина денес на 91-годишна возраст во својот дом во Рол, Швајцарија

Годар е еден од основачите и најважни претставници на францускиот „Нов бран“ и една од највлијателните личности во денешната светска кинематографија. Роден во Париз во 1930 година, Годар пораснал и се школувал во Нион, на брегот на Женевското езеро во Швајцарија.

Милитантен интелектуалец, идеолошки посветен уметник, честопати противник на холивудските конвенции со своите филмови. Како и неговите современици од „Новиот бран“, Годар ја критикуваше редовната „традиција на квалитет“ на француската кинематографија, нагласувајќи поголема вештина во иновациите и претпочитајќи ги големите дела од минатото за експериментирање.

филмовите на Годар често се повикуваат на егзистенцијализмот, бидејќи тој самиот бил страствен читател на егзистенцијалната и марксистичката филозофија.
Дел од неговата богата листа на филмски ремек дела ги вклучуваат: „До последниот здив” (1960), „Жената е жена” (1961), „Живеј го својот живот”(1962), „Мал војник” (1963), „Карабинери” (1963), „Презир” (1963), Необична банда (1964), „Мажена жена” (1964), „Алфавил” (1965), „Лудиот Пјеро”(1965), „Машки, женски” (1966), „ Произведено во САД” (1966)…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *