Сутерен.мк

За машките потреби, пак

Колку од вас ќе се пронајдат во ова чудо?

„Се разбудив. Се измив и брзо, ги измолзев кравите, им дадов на кокошките и зајците храна, ги истерав козите и кравите на пасење. Ги разбудив децата…

Им направив појадок, ги подготвив за на училиште, ги однесов на училиште, ја искосив тревата. Отидов на работа, се расправав со надредените, ги избркав од канцеларија, заработував пари, заработував пари.

Дојдов дома, исцепив кубик дрва, направив ручек, ги земав децата од училиште, им дадов да јадат, пријавив данок на доход, отидов на нива да ги ископам зелката и компирот, за потоа да стигнам на фризер.

Се вратив дома, ги внесов кравата и козите во шталата, подготвив вечера, го обновив осигурувањето на автомобилот, ги нахранив децата, ги избањав, ги легнав во кревет, ја пуштив машината за перење алишта, ги платив сметките преку електронското банкарство, ја прегледав поштата, ги пружив алиштата, изедов корка леб намачкана со путер и мед.

Кога конечно го наместив креветот да си легнам, ми текна:
„Лелеее ужас! Мојот маж! Цел ден лежи на троседот, неизсексан!“

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *