Сутерен.мк

Зборот на годината

Зборот што ја одбележа 2024 година, според англискиот „Речник Колинс“ е именката „brat“. Поимот, според Речникот, означува „самодоверба, независност и хедонистички став“, а доколку се користи за млади, именката се однесува на „неприспособлив, невоспитан, разгален“. Во буквален превод на македонски, овој збор значи: „детиште“.

Во поширок контекст, како што наведуваат познавачите, овој збор се однесува на културен феномен којшто произлезе од уметничко дело, поточно – музичкиот албум „Brat“ од оваа година на британската уметница Шарлот Ејчинсон, попозната како Чарли Екс-си-екс.

Чарли Екс-си-екс

„Инспириран од споменатиот албум, ‘brat’ стана еден од најзастапените зборови во 2024 година. Повеќе од исклучително успешен албум, ‘brat’ е културен феномен што одекнува кај луѓето ширум светот, а „разгалено лето“ се етаблира како естетика и начин на живот“, стои во описот на „Колинс“.

„Речникот Колинс“ е основан во 1819 година Велика Британија и е познат по деталниот пристап кон дефинициите, примерите на употреба и објаснувањата на зборовите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *