Сутерен.мк

Зеленски стана лего коцка!

Во екот на руско-украинскиот конфликт, американската компанија за играчки „Ситизен брик“ смисли начин да собере пари за жртвите од војната и на тој начин да даде свој придонес. Тие лансираа ограничена колекција на Лего – фигуринки со ликот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кои се распродадоа во САД за рекордно време!

Цената на една Лего-фигуринка чинеше сто долари, а покрај Зеленски, во продажба по цена од десет долари можеше да се најде и фигура од молотов коктел на која имаше мотив од украинското знаме.
Сите се распродадени во рекордно време, а собраната сума која директно беше донирана на организацијата „Дајрект рилиф“, на крајот изнесуваше 145 388 долари.

Иако имаат уште заинтересирани, од компанијата рекоа дека вакви фигури повеќе нема да се продаваат.

Во меѓувреме, самиот дански гигант за играчки Лего, донираше 16,5 милиони долари за помош на Украина.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *