Сутерен.мк

Злато за Македонија на Медитеранските игри

Магомедгаџи Нуров го освои златниот медал во борење во категоријата до 97 килограми на Медитеранските игри во Оран, Алжир, откако во одлична борба го совлада најдобриот турски борач, Фејзула Актурк.

Нуров (29) со овој успех го одбрани златниот медал од Медитеранские игри во 2018 во Тарагона, Шпанија, а во 2019 година беше и бронзен на Светското првенство во Казахстан.

Владимир Егоров пак, кој оваа година ја освои и европската титула во категоријата до 65 килограми, овојпат се задоволи со бронзениот медал, откако во борбата за третото место го совлада Алжирецот Абделхак Хербаче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *