Сутерен.мк

Зошто Гугл и се заблагодари на 86-годишна баба?

На вклучениот лаптоп на Меј Ешворт (86) од Велика Британија, нејзиниот внук го забележал несекојдневниот начин на пребарување што таа го прави на Гугл: нејзе не ја мрзело пред секое прашање да го замоли интернет за одговор и љубезно да се заблагодари притоа!

Внукот Бен на социјалните мрежи објаснил дека Меј била убедена дека Гугл пребарувачот е личност која одговара на прашањата.

Компанијата Гугл го забележала овој фин манир на бабата и јавно и се заблагодари преку Твитер:

„Најдрага бабо на Бен, се надеваме дека сте добро. Во светот на милијарди пребарувања, Вашата не насмеа. И да, одговорот на вашето прашање е 1998 година. Фала Ви.“

Се чини дека сепак, љубезноста и пристојноста никогаш не излегуваат од мода.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *