Сутерен.мк

Номинации за Оскар

Актерите Лесли Џордан и Трејси Елис Рос денеска ги објавија номинациите за Оскар за 2022 година во сите 23 категориите, преку глобален онлајн пренос во живо. Доделувањето на 94-тите Филмски награди на академијата на САД ќе се одржат на 27 март!

Филмот „Моќта на кучето“ на Нетфликс, ревизионистички вестерн кој го користи овој жанр за да ја истражи токсичната машкост, доминира со 12 номинации за Оскар. Веднаш зад него е „Дина“, голема адаптација на популарниот научно-фантастичен роман за кој некогаш се веруваше дека не може да се пренесе на големото платно, доби 10 номинации за Оскар. „Приказната од западната страна“ и „Белфаст“ добија по седум номинации.

Режисерката на „Моќта на кучето“, Џејн Кемпион е првата жена номинирана повеќе од еднаш во категоријата за најдобар режисер. Таа претходно беше номинирана за „Пијано“.

Стивен Спилберг постави и нов рекорд – со номинацијата за „Приказни од западната страна“ продуцираше дури 11 филмови номинирани за најдобар филм.

Филмовите со најмногу номинации се: “Моќта на кучето” (12), “Дина” (10), “Белфаст” (7), “Приказна од западната страна” (7), “Кралот Ричард” (6), “Не гледај нагоре” (4), “Алејата на кошмарите” (4), “Вози го мојот автомобил” (4).

Целата листа со номинации, тука…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *