Сутерен.мк

Зошто мажите не се разведуваат?

Слаѓана Трикиќ е терапевтка и тренер за партнерски односи, а како што вели, со нејзина помош разделбите и разводите се „грди епизоди, а не товар кој личноста ќе го носи“.

Таа на социјалната мрежа „Инстаграм“ неретко објавува видеа во кои објаснува како функционираат машко-женските односи. Меѓутоа, едни видео предизвикало особено внимание.

„Јас сум негова љубовница повеќе од 5 години. Тој ме сака, внимателен е, го наоѓа секој можен начин да бидеме заедно. Зошто едноставно не се разведе од својата сопруга?“, гласело прашањето кое Слаѓана го објавила на нејзиниот „Инстаграм“ профил.

Слаѓана, како точка број 1 навела дека мажите најчесто не се разведуваат поради децата.

„Мажот се плаши дека нема да може да си ги види децата, дека децата ќе му замерат, ќе го осудат и дека ќе го отфрлат затоа што ја оставил нивната мајка. Стравува дека неговата поранешна сопруга ќе ги сврти децата против него. Исто така, може да постои и страв дека неговото место ќе го заземе нов маж во животот на поранешната сопруга“, објаснила.
Како втора причина, Трикиќ истакнала дека мажите размислуваат и за поделбата на имотот и дека тоа ги спречува да се разведат.
„Тој работел вредно и напорно сиот живот и не сака да се одрече од дел од тие пари, недвижнини …“, истакнала.
Според неа, желбата за промена е помала од желбата за останување во комфорната зона кај мажите кои изневеруваат, а остануваат во брак.

„Разводот со себе би повлекол толку многу промени во неговиот живот, и тој едноставно не го сака тоа. Полесно му е да остане во брак и да има љубовница. Ако не сакаш ти, ќе сака некоја друга“, била искрена.
Таа се осврнала и на одржувањето на угледот во општеството.

„На мажот му е битен угледот, мислењето на семејството, пријателите и деловните партнери и затоа му е важно да остане во брак за да ја задржи сликата на морална и одговорна личност. Заклучокот е дека шансите мажот да се разведе поради љубовницата се многу мали, па затоа е најдобро за тебе да го завршиш тој однос“, заклучила Трикиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *