Сутерен.мк

Зошто после алкохол ни се јаде месо?

Австралиските истражувачи велат дека алкохолот го зголемува нивото на хормони во телото кои нè тераат да копнееме за протеини.

Резултатите од студијата која ги следела навиките на 9 341 возрасен Австралиец во текот на 24 часа ќе бидат претставени на Меѓународниот конгрес за дебелина во Мелбурн. 40 отсто од нив конзумирале алкохол тој ден. Конзумирале повеќе солена храна од оние кои не пиеле, како и многу повеќе калории од другите. Повеќето од речиси 4 000 испитани алкохоличари избрале да го задоволат гладот ​​со посно месо, риба и јаткасти плодови, но третина избрале скара и чипс.


„Држете се настрана од солени грицки со ниска содржина на протеини, бидејќи на тој начин ќе избегнете зголемување на телесната тежина“, вели водечкиот автор на студијата, д-р Аманда Греч.

“Познато е дека алкохолот го зголемува апетитот, особено желбата за солена храна. Неодамнешните студии покажаа дека нивото на FGF-21, хормон кој ја зголемува желбата за протеини, се зголемува по консумирањето алкохол”, тврди д-р Греч.
Таа предлага да изберете сирење, несолени јаткасти плодови, наут и сиров зеленчук или хумус наместо калорична и нездрава храна после излегување.

„Згора на тоа, задолжително следете ги упатствата за внесување алкохол, чие пиење носи други ризици освен зголемување на телесната тежина и дебелина“, вели д-р Греч.
Долготрајното пиење премногу алкохол може да го зголеми ризикот од висок крвен притисок, мозочен удар, заболување на црниот дроб и некои видови на рак, како и деменција.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *