Сутерен.мк

Изгубил лоз од над милион долари?!

Ник Слатен на 11 март оваа година, дознал дека е добитник на еден милион и 178 746 долари на државната лотарија на Тенеси.

Слатен, лозот го купил претходниот ден во супермаркет и штом дознал дека е добитник на премијата, побрзал да и ја соопшти радосната вест на свршеницата. Меѓутоа, попатно сепак, како секој домаќин човек, се обидел да заврши и други работи.

После еден час, сфаќа дека го нема кај себе лозот! Бидејќи среќките се непотпишани, било кој да ја има може да ја подигне наградата!

Стапка по стапка, Слатен во паника се враќа по патеката што ја изминал тој ден и на краот ја наоѓа на паркингот на продавницата кај што застанал „да заврши попатно уште нешто“!

Среќниот „наоѓач“ при подигнувањето на парите изјавил дека со својата сакана ќе купат куќа, со надеж на помалку грижи во иднина, но дека и двајцата ќе продолжат да работат и инвестираат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *