Сутерен.мк

Инстант „упатства”

Мими (20):„ Неодамна излажав една личност од најдобри намери. Жал ми е што го сторив тоа, но како да и ја кажам вистината?“

Дарлинг:„ Најголемото зло е лагата. Во било кој контекст, количина, цел… Освен, кога се во прашање бројот на бившите љубовници…“

Напуштена:„ Сопругот сака да се разведе од мене. Вели дека не може веќе со мене и дека ќе умре, ако остане во брак.“

Дарлинг: “Секој има легитимно право да бара порадосен, подобар, поисполнет живот. Вие, исто така…“

Тажна: „Имам момче кое многу често е тажно. Знае да биде весел, духовит, еуфоричен, но и многу тажен?“

Дарлинг: „ Луѓето кои премногу го сакаат и почитуваат животот и копнеат по тоа да го изживеат со полно срце и мозок се најтажните луѓе на светот…”

Мина: „Ми вели дека ме сака, ама јас ич не му верувам. Како да го проверам тоа?“

Дарлинг:„ Се разбира дека во овие просветни времиња никој не верува ни збор на такви будалаштини! Тестирајте го со тоа што ќе побарате да ви купи жална врба…“

Ени:„ Ми вели дека ми е верен, ама не му верувам. Толку е самбендисан, налицкан и нон – стоп гледа по жени што сигурно ме лаже.“

Дарлинг:„Тој е само лажго кој немал шанса. Просто да не веруваш…“

Јани:„ Многу ми се допаѓа една многу убава девојка, ама таа е многу дигната.“

Дарлинг: „Жените, како никој на планетава, знаат толку многу да се преценат со своите од Бога дадени атрибути, што просто се чудам како некој и ги есапи за вредни!? Кажете и директно, кога ќе заработи некој денар, да ве побара…“

Ели: “ Се правам за да го задоволам, а тој пак, не е задоволен. Уствари, зошто не се ожени со мене?“

Дарлинг:„ Мажот кој млекото го добива бесплатно, никогаш нема да ја купи кравата. Не би ни јас…“

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *