Сутерен.мк

Иси Мијаки ја напушти пистата

Човекот кој го воведе плисираниот стил на облекување и кој ја дизајнираше црната ролка на Стив Џобс, основачот на „Епл“, умре на петти август.

Јапонскиот моден дизајнер Иси Мијаки (1938), во 80-тите имаше големо глобално влијание на модата и начинот на облекување на деловниот свет, нагласувајќи ја пред се, практичноста на гардеробата.

Како млад сакал да стане танчер или спортист, но модните списанија на сестра му го инспирирале да и се приклучи на модата.

Роден е во Хирошима и имал седум години кога атомската бомба паднала врз градот додека тој бил во училница.

„Кога ќе ги затворам очите, се уште гледам нешта што никој не би требало да ги доживее: светла црвена боја, црн облак веднаш потоа, луѓе кои трчаат во сите насони очајнички обидеувајќи се да побегнат… Се сеќавам на се“, изјави Мијаки. После три години од нападот, неговата мајка починала од радијацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *