Научникот Теренс Кили, кој се занимава со биохемија, тврди дека појадокот е опасен оброк и како таков, најдобро е да го прескокнеме!
Нему, на негови педесет години му е дијагностициран дијабетес. По дијагнозата, Кили почнал да ги бележи нивоата на шеќер во крвта после своите оброци.
Забележал дека има особено повишено ниво на шеќер после појадокот. Плус, очигледно било паѓањето на нивото на шеќерот во крвта кога ќе го прескокнел утринскиот оброк, а и останувало непроменето и по другите оброци во текот на денот.
Неговиот заклучок (опишан во објавена книга) е дека појадокот кај некои предизвикува метаболички синдром.
Тој оди и подалеку, па појадувањето за одредена група на луѓе вели дека има исти последици како и долгогодишното пушење. Тој предлага дека, ако сакаме долго да живееме, не треба да појадуваме.
Сепак, препораката не важи за децата.