Сутерен.мк

Каков е Илон Маск приватно?

Пејачката Грајмс, која со Илон Маск има две деца, раскажа како живее најбогатиот човек на светот:

„Тој не живее како мултимилијардер, повремено живее под границите на сиромаштијата. Во еден момент дојдовме до таа точка што живеевме заедно во куќа од 40.000 долари, без обезбедување, соседите нон-стоп снимаа, никој не нè штитеше и јадевме путер од кикиритки осум дена по ред“, изјавила таа.

Грајмс и Илон со нивниот син

Во друга прилика, додека парот живеел во Лос Анџелес каде што Грајмс има свој стан, Маск одбил да потроши неколку долари.

„Сфативме дека душекот од мојата страна е пробушен, имаше дупка. Наместо да купиме нов, Илон ми предложи да го донесеме душекот од мојот стан. Човекот не сакаше да купи нов душек“, изјавила таа.

Илон не е баш најсреќен со интервјуто на Грајмс, но таа вели дека се уште се најдобри другари.

Во мај 2020 година, Маск објавил дека го продава имотот и дека нема да поседува недвижности.
Се смета дека моментално живее во монтажна куќа од 50.000 долари која сопственикот на „Тесла“ ја изнајмува од својата друга компанија „Спејс икс“.

Инаку, во мај 2020 година Грајмс му роди син на Маск, а во декември минатата година со помош на сурогат мајка добија ќерка.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *