Објавен е неверојатно реалистичен портрет на Лејди Ди, кој покажува како би изгледала денес со неколку брчки и со препознатливата кратка руса коса.
Фотографијата е создадена со помош на програмата Midjourney, која е услуга за вештачка интелигенција создадена и управувана од истоимената независна истражувачка лабораторија.
Обожавателите на принцезата Дијана се сетија на нејзиниот лик на денот на крунисувањето на нејзиниот поранешен сопруг, кралот Чарлс Трети, што се одржа во саботата.
„Вистинската кралица на Велика Британија секогаш ќе биде Дијана“, пишува на фотогалеријата од поранешната принцеза од Велс споделена на Твитер.
„Кралицата која никогаш не ја добивме. Каква тажна тажна приказна. Кралицата на сите наши срца“, „Принцезата Дијана е единствената вистинска кралица денес и секој ден“, се само дел од коментарите.