Сутерен.мк

Како да изгубиш десет милијарди долари во еден ден?

Најбогатиот човек во светот, сопственикот на францускиот произведувач на луксузна стока LVMX Бернар Арно, изгубил во еден ден 10,39 милијарди евра. Според медиумските извештаи, Арно таа сума ја изгубил во вторникот по значителниот пад на цената на акциите.

Берзите во САД се во слободен пад, а секторот на луксузна стока особено бележи загуби. Акциите на компанијата Луј Витон паднале за 5 отсто, а на компанијата Керинг, сопственикот на Гучи, за 2,97 отсто. Пазарите се загрижени поради несигурната побарувачка за луксузна стока во САД.

Бернар Арно и понатаму е најбогат човек во светот, а неговото богатство се проценува на 178,12 милијарди евра. Разликата меѓу него и вториот најбогат човек во светот, шефот на Тесла и Спејсекс Илон Маск, се намали на 11,13 милијарди евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *