Сутерен.мк

Како да се омажам?

Не ми требаат разглабања и мудрувања, туку конкретно решение!
Итно

Итно дарлинг, еве и конкретно: дотерајте се и вечерва фатете штрафта по улиците.

Првиот на кој ќе налетате, а не е женет, фатете го за рака и некако довлечкајте го до вашиот дом.

Испијанете го и врзете го за парното. Долевајте му алкохол се додека не пронајдете лесно поткуплив и полн со разбирање матичар, кој во таква неудобна положба ќе ве венча.

Не заборавајте само сопругот или како и да ќе се нарекува тоа суштество во иднина, да го одврзете потоа, а и отрезните.

Не за нешто друго, туку да не ви приумре во таа позиција па, таман тазе омажени, да завршите во затвор. Ете…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *