Сутерен.мк

Како Европа ја гледа Македонија?

На Твитер е објавена мапа на која се прикажани „најпознатите уметнички дела во земјите од Европа“.

Картата е објавена на профилот на популарната платформа Терибл Мапс која редовно објавува географски карти со интересни информации.

На картата се прикажани фотографии од „најважните уметнички дела“ на териториите на нивните земји, а Македонија е претставена со сцена од псалтирот од париската збирка.

Босна и Херцеговина е претставена со сликата Планински пејзаж на Карол Мијиќ, Словенија на пролетта на Иван Гохар, Србија на ранетиот Црногорец на Паја Јовановиќ, Албанија на Богородица со Исус во десната рака на сликарот Онуфрие, а Хрватска на картата е претставена со слика на Римјанка со лаута од Вјекослав Карас.

Кога станува збор за слики кои стекнале светска слава, Мона Лиза на Леонардо да Винчи ја претставува Италија, додека Бакнежот на Густав Климт ја претставува Австрија. Девојката со бисерната обетка ја претставува Холандија, а Герниката на Пикасо ја претставува Шпанија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *