Тесла конечно ја отвори својата огромна фабрика во Берлин. Тоа е првиот производствен центар на производителот во Европа, а целата инвестиција чинеше околу пет милијарди евра.
За да го прослави отворањето и почетокот со работа, Тесла овозможи тура низ нивната најнова фабрика преку видео објавено на нивниот Јутјуб канал. Видеото кое го објавија е направено со дрон.