Сутерен.мк

Како треба да комуницираме при развод?

Тазе раведените личности често мислат дека треба со иста мерка да се возврати на нискиот удар од бившиот партнер. Меѓутоа, добрата комуникација е клучот, како за време на траењето на бракот, така и во случај на разделба. Ова особено се однесува доколку во заедницата има и деца!

Критики

Според оценките на професионалците, особено внимание треба да се посвети на односот на поранешните сопружници односно, да се спречи и тоа со одредба во законот, меѓусебното обвинување во присуство на децата!

Особено е ситуацијата многу лоша доколку родителот кому му е доверено старателството ги насочува децата против другата страна.

Навреди

Омаловажувачките епитети, спомнувањата на лаги и неверства иако кажани во афект, не се добри ни во бракот, а камоли при развод! Треба да се земат во предвид детските чувства и интереси кои се над се. Иако можеби сте убедени дека ја зборувате вистината, подзапрете за да не зажалите подоцна.

Став

Секогаш имајте во предвид дека се што ќе изговорите може да се цитира на суд во текот на процесот на разводот на бракот. Затоа, служете се со прецизни зборови, предсе, кога очекувате обврските да бидат подмирени на време. Префрлањата и непримерниот тон најчесто не го постигнуваат саканиот ефект, а целта нели, ни е обезбедување на мирно растење на децата!

Извор: Pure Wow

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *