Сутерен.мк

Како ќе изгледаме во иднината?

Истражувачи создале гротескен модел наречен Минди, за кој велат дека дава увид во тоа како би можеле да изгледаат луѓето во 3000 година, како резултат на технологијата

Моделот е креиран како начин на визуелизација како технологијата влијае на нашето тело. На фотографијата може да се забележи „жената на иднината“ која е згрбавена, со широк врат, раце во облик на канџи, па дури и двојни очни капаци.

„Собравме научни истражувања и експертски мислења на оваа тема, пред да работиме со 3Д дизајнер на создавање на идниот човек чие тело физички се променило поради доследната употреба на паметните телефони, лаптопите и другите технолошки уреди“, објаснуваат истражувачите.

Тие велат дека годините гледање во нашите паметни телефони и компјутерски екрани ќе резултираат со подгрбавено држење, а нашите раце ќе добијат траен облик на канџи поради постојаното држење на телефоните.
„Долгото држење на лактите свиткани – најчесто додека го држите телефонот – може да го истегне нервот зад лактот и да врши притисок на него“.

„Кога работите на компјутер или гледате во телефонот, мускулите на задниот дел од вратот треба да се собираат за да ви ја држат главата нагоре“, објаснува друг научник зошто моделот е екстремно згрбавен.

„Колку повеќе гледате надолу, толку потешко вашите мускули ќе работат за да ја држите главата исправена. Овие мускули може претерано да се уморат и да болат од гледање во паметни телефони и таблети или од поминување на поголемиот дел од работниот ден пред компјутер.“

Научниците „вклучиле“ и подебел череп и помал мозок, како и втор очен капак кај моделот Минди.

„Луѓето можат да развијат поголем внатрешен очен капак за да спречи изложување на прекумерна светлина или очната леќа можеби ќе биде еволуциски развиена за да ја блокира влезната сина светлина, но не и други светла со висока бранова должина како зелена, жолта или црвена“.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *