Сутерен.мк

Камерон Дијаз живее како ѕвер!

Познатата актерка (49) ретко се појавува во јавноста откако се повлече од актерството, но пред неколку дена раскажа колку нејзиниот живот се променил откако ја напуштила забавната индустрија во 2014 година!

Таа рече дека верува дека го направила вистинскиот потег иако во меѓувреме ги одби понудите да снима филмови вредни околу сто милиони долари:
– Паднав во холивудска замка, и станав жртва на сета експлоатација на која беа изложени жените. Верував во сите тие погрешни работи и дозволив да ме третираат како објект, апсолутно. Тешко е да не се гледаш од тој агол, да не се споредуваш со другите и да не го судиш својот изглед. Не морам повеќе да се грижам за тоа како изгледам.

– Изгледот е буквално последното нешто на кое размислувам, не ми паѓа на памет во текот на денот. Живеам како ѕвер, не се мијам. Имам милион козметички производи и сите собираат прашина на полиците. Можеби ставам крема два пати месечно, нанесувам и размислувам – добро, да, претпоставувам дека е доволно, ќе функционира дури и ако ја нанесам само еднаш? Едноставно не сум во ситуација да трошам никакво количество енергија на изгледот – вели таа.

Камерон повеќе не се грижи дали е убава за „другите“, туку ужива во животот! Инаку и други холивудски ѕвезди се имаат пофалено дека не одржуваат ни основна хигиена.

 

Инаку, Дијаз од 2015 година е во брак со музичарот Бенџи Маден (42)  со кој ја имаат ќерката Радикс (2). Поранешната актерка ја изненади јавноста кога ја објави радосната вест за раѓањето во јануари 2020 година, бидејќи претходно изјави дека не размислува за мајчинството.
Камерон и Бенџи добија ќерка со помош на сурогат мајка.

Камерон избегнува јавни настапи, но е активна на Инстаграм каде промовира вино направено од органско грозје и кое нема шеќер, а напиша и книга.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *