Сутерен.мк

Кармин од 14 милиони долари

Карминот „Х. Кутур бјути дајмонд“ е веројатно, најскапиот во светот и чини 14 милиони долари. Брендот „Х. Кутур бјути дајмонд“ е основан 2006 година од Тајша Смит Валез и стана синоним за луксузна шминка.

Овој кармин е најскап поради неговото пакување што е направено од 18-каратно злато и украсено со дијаманти. Брендот соопшти дека првата верзија на паковката била обложена со сваровски кристали, но анонимниот купувач побарал кутијата што ѝ ја купил на сопругата да биде целосно прекриена со сини и розови дијаманти.

Компанијата дополнително ѝ ветила на сопственичката на карминот дека секогаш кога ќе го потроши карминот ќе добие бесплатно дополнување. Сепак, изгледа дека компанијата во мрѓувреме престанала со работа.
Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *