Од Џенерови и Кардашијани светов нема да има раат уште подолго време – ете и бившата ѕвезда на реалните шоуа и учесничката на олимписките игри потврди на Твитер дека ќе се кандидира за гувернерка на Калифорнија!
Како што пренесува Би – Би – Си, на повторените избори во Калифорнија (што треба да бидат распишани до крајот на месецов), на бирачите ќе им биде поставено прашањето дали се за актуелниот гувернер Гевин Њусом (против кого има петиција) или сакаат друг кандидат?
Другиот канидат е Џенер,чиј тим е составен од неколкумина поранешни советници на Доналд Трамп.