Сутерен.мк

Клонирана е првата феретка!

Женката од црноног твор/феретка која умрела пред три децении, клонирана е во Америка со употреба на сочувани ќелии. Ова е прв пат во САД да биде клониран било кој загрозен вид на животни.

Клонот е генетска копија на дива женка по име Вила, која умрела во 1980 година во Вајоминг и нема живи потомци. Нејзината пак, „копија“ се вика Елизабет Ен чие потомство би требало да се воведе во малата популација на феретки (во дивината ги има околу петстотини примероци) за да се внесе меѓу нив толку потребната генетска разновидност.

Овој успех на научниците сугерира дека клонирањето може да биде средство за зачувување на загрозените видови на животни, но и намалување на генетските болести кај нив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Contact Us