Сутерен.мк

Кои се најплатените тиктокери?

Ѕвездите на ТикТок можат да добијат и до половина милион долари за една објава, иако обично заработуваат помеѓу сто и 250 илјади долари во просек по објава, што е повеќе од двојно во споредба со 2020 година.
Најплатените заедно заработиле 55,5 милиони долари во 2021 година, што е за двесте отсто повеќе од претходната година.

Иако се обидуваат да ја прошират својата слава надвор од оваа социјална платформа, најголемиот профит, обично 30 до 50 отсто, сепак им доаѓа од спонзорирана содржина, каде корпорациите плаќаат за да го рекламираат својот производ на социјалните мрежи.
Бидејќи ТикТок порасна на повеќе од милијарда корисници ширум светот, компаниите како Амазон, Луј Витон и Мекдоналдс се повеќе инвестираат во такви реклами.
Сите на листата на Форбс на оние кои заработуваат најмногу се помлади од 25 години.


Првите две места ги заземаат сестрите Чарли и Дикси Д’Амелио, кои се споредуваат со сестрите Кардашијан, бидејќи тие веќе ја имаат нивната Хулу серија „Д’Амелио шоу“, чија премиера беше во септември.
Сестрите имаат и линија на облека, заедничко вложување со Холистер, која се продава во околу петстотини продавници.

Сето тоа помогна да се зголеми нивната заработувачка на 27,5 милиони долари, од помалку од седум милиони долари една година порано.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *