Сутерен.мк

Кои се холивудските ајнштајни?

Тие не се само успешни и славни, туку и натпросечно паметни! Овие холивудски личности е познато дека имаат висок коефициент на интелигенција (КИ) и со тоа и припаѓаат на пет отсто од популацијата која има резултати од над 125 IQ!

Патем, две третини од сите оние кои се тестираат на светско ниво, имаат резултати од 85 до 115 од коефициентот на интелигенција.

Лиза Кудроу

Една од ѕвездите на ТВ серијата „Пријатели“ има КИ 154, дипломирала на Васар колеџот и работела со својот татко, кој е научник.

Дејвид Духовни

На Духовни КИ му е 147, дипломирал на универзитетот Принстон, наградуван е за својата поезија, а магистрирал на Јејл.

Натали Портман

Дипломирала психологија на Харвард, посетувала пост-дипломски курсеви на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим, два пати е објавувана во научни списанија, била асистент на Харвард и течно зборува пет јазици.

Мадона

Во средното училиште била позната по необично високиот просек на оценки и своето чудно однесување. Има 140 коефициент на ителигенција.

Ештон Качер

Стивен Хокинг, Алберт Ајнштајн, но и Ештон Качер имаат 160 IQ! Во Ајова студирал биохемиски инженеринг, но не го завршил факултетот, бидејќи станал модел.

Џоди Фостер

Со коефициент од 132, дипломирала книжевност со пофалби на Јејл и има титула на почесен доктор по ликовни уметности на истиот универзитет.

Арнолд Шварценегер

Со 135 КИ, Шварценегер има диплома за деловна администрација и меѓународен фитнес-маркетинг од универзитетот Висконсин-Супериор.

Квенин Тарантино

Иако го напуштил средното училиште, Тарантино со 160 коефициент на интелигенција е еден од најпаметните луѓе на планетава!

Шерон Стоун

На 15 години добила стипендија поради нејзиниот талент за пишување, а нејзините раскази се објавувани во бројни списанија. Шерон Стоун со 154 КИ, го напуштила студирањето заради шоу-бизнисот, но Единборо колеџот и додели почесна диплома.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *