Сутерен.мк

Колку слободно време ни треба?

Ново истражување вели дека на секој му треба слободно време од два до пет часа дневно и дека се надвор од таа рамка, помалку или повеќе, поврзано е со ниските нивоа на задоволство.

Што ќе рече, сите оние кои имаат помалку од два часа слободно време, имаат многу поголема шанса за депресија, стрес и емотивна исцрпеност.

Оние пак, кои имаат повеќе од пет часа можност за „бавење со себеси“, го губат чувството за цел, што на крајот пак, се сведува на исто.

Се разбира, не станува збор за слободно време на вработени (кои потоа вршат домашни и други обврски), туку за вистинско „слободно време“, кога можете да правите со себеси што сакате.

Станува збор за преголемото денгубење, кое не е добро за ничија психа. За доброто ментално здравје, се препорачува и кога имате „вишок време“, тоа да се потроши во некаква активност – да бидеме љубезни со некого, направиме добро дело, се занимаваме со нешто што не восхитува и инспирира, па макар, и на кратко…

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *