Сутерен.мк

Комплицираниот пубертет

Имам син од 15 години со кого постојано сме во конфликт за се и сешто. Постојано сме во кавги не не можам ништо да му речам! Знам д ека е пубертетот е тежок ама тој е исклучен сосема од семејството. Седи по цели денови затворен во собата, не разговара со нас и секој обид за разговор завршува со кавга. Немаме нерви ни јас ни сопругот и не знаеме каде да се обратиме. Помагајте, ако можете!

Очајна мајка

Очајна мајка дарлинг, решението е многу едноставно, ама многу тешка е реализацијата. Добар однос меѓу деца и родители е оној базиран на отворена и пријателска комуникација, но со точно прецизен статус за тоа кој е авторитетот, а кој штитеникот.

Колку и да звучи неверојатно, ама и ние самите некогаш сме биле тинејџери, нели, па знаеме стално да се „фалиме“ со податокот дека сме немале ова или она, но вистината е дека околностите во кои денешните млади растат се многу посурови!

Не знам колку следното ќе ви помогне, меѓутоа постојат некои стандардни правила во комуникацијата со пубертетлиите. Наместо со заповеднички тон, кога сакате нешто да направи, обратете му се на убав, но одлучен начин: „Те молам, направи го тоа и тоа!“ Барајте задачите веднаш да се извршат : „Ќе добиеш џепарлак штом ќе ја раскренеш собата!“

Многу е важен и физичкиот контакт. Фатете го за рака, за лице за да ве сослуша и не заборавајте да го пофалите секој и најмал позитивен потег што ќе го направи дома. Кога нема да испочитува некое правило секако треба да биде казнет, но не му се нафрлајте бесно. Почекајте следниот ден мирно да му ги соопштите последиците од неговото неодговорно однесување. Во спротивно, ќе добиете само рафал од обвинувања како сте лоши, не го сакате, не ве сака…

Не поставувајте прашања со кои нудите и одговор и никогаш не споредувајте го со другите! Разговарајте со своето дете. Не за глобалното затоплување и неолибералниот пазар.

Прашајте го за видео играта во која се ѕвери. Прашајте го што тој сака да знаете за него. Може пријатно да ве изненади…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Contact Us