Сутерен.мк

Кому ги пеглаат врвките од чевлите?

Британскиот новинар и писател Омид Скоби (42), кој во својата нова книга „Последна игра“ се фокусира на кралското семејство, го опиша кралот Чарлс како „разгален член на кралското семејство на кого слугите му ги пеглаат и врвките на чевлите“.
Тој тврди дека кралот инсистира да спие на луксузна и совршено испеглана постелнина кога патува. Омид наведува и дека тој бара од персоналот да му исцеди точно два сантиметри од пастата за заби.

Во книгата „Последна игра“, која ќе пристигне во англиските книжарници на 28 ноември, новинарот пишува и за врската на кралот со принцот Хари.

Според Омид, кралот го нарекува својот син „онаа будала“, откако беше објавен документарниот филм на принцот на Нетфликс. Тој исто така истакна дека Чарлс ги искористил проблемите со Хари во една прилика за да го подобри неговиот имиџ во јавноста.

Меѓутоа, во новата книга Омид не пишува само за кралот. Тој, исто така, ја критикува Кејт Мидлтон, која ја опишал како „жена која е преплашена да направи сè освен да се насмее за фотографите“.

За принцот Вилијам напишал дека „сè повеќе се здружува со дворјаните од палатата кои смислуваат валкани планови“ и дека никогаш не му се допаѓала сопругата на неговиот помлад брат, Меган Маркл.
Омид исто така тврди дека Чарлс е љубоморен на Вилијам поради неговата позиција и дека е свесен дека неговото владеење е преодно.

Инаку, Омид е автор и на книгата „Наоѓајќи ја слободата“, во која пишува за одлуката на Хари и Меган да се преселат во Америка.

 

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *