Сутерен.мк

Која е најубавата жена за 2023 година?

Според новото издание на Т.Ц. Кендлер, креатор на популарниот избор на 100 најубави лица на годината, најубава жена на планетата за 2023 година е американско-корејската пејачка, актерка и водителка Ненси Џуел Мекдони.

Ненси е ѕвезда на к-попот, односно популарната јужнокорејска музика, а се прослави со женската поп група „Момоланд“. Оваа прекрасна 23-годишна девојка е родена во Јужна Кореја, но пораснала во Америка, бидејќи нејзиниот татко Ричард е Американец. Меѓутоа, таа се вратила во татковината за таму да го заврши средното образование.

Првите пет најубави жени ги комплетираа руската инфлуенсерка и модел Даша Таран, корејската пејачка Сана Минатозаки, холивудската актерка Гал Гадот и американската манекенка Џасмин Тукс, која минатата година беше победничка на оваа листа.

Аријана Гранде е на 79-тото место, британската актерка Ема Вотсон го зазеде 83-тото место, додека исклучително популарната и убава австралиска актерка Маргот Роби е само 90-та на листата.

На врвот на овогодинешната листа на најубави мажи се најде американско-францускиот актер Тимоти Шаламе, додека минатата година беше на четвртото место.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *