Премногу алкохол (било кој), допринесува за развој на болест на црниот дроб, предупредува д-р Ненси Реау, директорка на одделот за трансплантација и шефица на одделот за хепатологија на Медицинскиот центар при универзитетот Раш во Чикаго, САД.
Меѓутоа, како што вели таа, бидејќи целосната апстиненција е честопати неизводлива, постои пијалок кој може да го „препорача“.
Односно, доколку имате здрав џигер и воопшто сте здрави, црното вино е она што докторката го издвојува.
Докажано е дека содржи антиоксиданси и полифеноли, па токму затоа има и поинаков ефект врз здравјето на црниот дроб.
Секако, таа предупредува дека и во пиењето црно вино важна е умереноста.