Сутерен.мк

Кој зеленчук не сака студено?

Ги има повеќе, но овде ќе ги споменеме само кромидот и лукот. Кромидот апсорбира повеќе влага во фрижидерот и затоа побрзо се расипува. Лукот па, кога е во ладилник побрзо прор’тува, што не е штетно, ниту нездраво, но тоа е знак дека лукот веќе не е толку квалитетен.

Наместо во фрижидер, кромидот треба да се чува на ладно, но суво и добро проветрено место. Влагата или недостатокот на циркулација на воздухот ќе го забрза процесот на гниење. Сонцето пак, поттикнува ’ртење на кромидот. Ако се чува правилно, кромидот може да трае и до еден месец. Главицата кромид што е излупена, но цела, во фрижидер може да трае околу две седмици, а исецканиот околу седум денови.

Лукот треба да се чува на ист начин, на ладно, суво и добро проветрено место, но лукот ќе трае подолго отколку кромидот, односно околу четири месеци.

Излупениот цел или сецкан лук може да се чува во фрижидер, но треба да се завитка во ќесичка за околу зеленчукот да се задржи што помалку воздух.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *