Сутерен.мк

Лекции од Птицата која се потсмева

Добитничката на Пулицерова награда за книгата „Да се убие подбивната птица“, Харпер Ли, почина на 89-годишна возраст во 2016-та, во својот дом…

Новелата на Ли за проблемите со расизмот во Америка објавена е во 1960-тите и постигнала истовремено и критички и комерцијален успех. Таа до ден денес се смета за класика и една од најмоќните книги досега напишани, затоа и неколку цитати од неа…

  • Вие никогаш не можете вистински да запознаете одредена личност сè додека не ги погледнете нештата од нејзината перспектива… Сè додека не влезете во нејзината кожа и не почнете да одите наоколу со неа.
  • Луѓето кои се со добра состојба на умот никогаш не наоѓаат гордост во своите таленти.
  • Единственото нешто кое не се придржува до мнозинското владеење е свеста на личноста.
  • Понекогаш Библијата во рацете на еден човек е полоша од шише виски во рацете на друг… Едноставно постојат одреден вид луѓе кои – кои се толку зафатени со грижата за следниот свет што никогаш не учат да живеат во овој, и можете да погледнете околу вас и да ги видите резултатите.
  • Никогаш не е навреда да ве наречат онака како што некој верува дека е лошо. Тоа само покажува колку е сиромашна таа личност, затоа и не треба да ве повреди.
  • Само затоа што сме биле победени стотици години пред да почнеме, не мора да значи дека не треба да се обидеме да победиме сега.
  • Ние го плаќаме највисокиот данок кој можете да му го платите на човек. Ние веруваме дека тој ќе го направи правилното. Толку е едноставно.
  • Како што растете, секогаш кажувајте ја вистината, не им правете зло на другите и не верувајте дека сте најважното суштество на оваа планета. Богати или сиромашни, само така ќе можете да погледнете некој во очи и да кажете: „Јас најверојатно не сум подобар од тебе, но со сигурност не сме ни еднакви.
  • Мислам дека постојат само еден вид луѓе. Луѓе.
  • Вие само држете ја главата високо исправена и чувајте ги тупаниците надолу. Без разлика што ќе ви каже некој, не им дозволувајте да ве изнервираат. Обидете се да се борите со вашата глава за промена.
  • Подај ја проклетата шунка, те молам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *