Сутерен.мк

Луѓе кои знаат се?!

Сигурно барем еднаш сте имале соработка, средба, дружба со некој кој се смета поинтелигентен и покомпететивен отколку што навистина е. Тоа се гледа во неговиот пристап на ситуациите, кој исклучува признавање на грешката, барање помош, без отстапување од супериорниот став!

Ваквиот облик на однесување, особено во работното опкружување, се вика Данинг – Кругеров ефект. Луѓето кои страдаат од овој симптом со еден збор, си ги преценуваат своите способности и поради лошата проценка на истите, често влечат погрешни потези и не остваруваат напредок.

Причини

Субјективноста е главната точка по која се препознаваат овие луѓе. Ним им е тешко да ја сменат перспективата или да размислат за своето однесување. Обично реагираат без доволно знаење и информации и, и најмалото „охрабрување“ го сфаќаат како повик кон нив да ја превземат контролата. Ова секако води кон избрзани одлуки и реакции.

Ваквите личности поседуваат одредено познавање на темата, но убедени се дека знаат се за неа, па така и се однесуваат. Всушност, тие своето минимално знаење го претставуваат како експертско и не ретко на арогантен начин.

Решенија

Бидејќи туѓото однесување најчесто е речиси невозможно да се менува, единствено што ни преостанува е да пробаме самите да го избегнеме ваквиот шаблон. Секогаш е добро искрено да се разгледа своето однесување, како во приватниот, така и во деловниот живот и да се запрашаме, кои и колку се основите за високото вреднување на себеси.

Ваквата „проверка“ може да биде неблагодарна, па подобро е да се побара совет од личност која ни е од доверба, а работела и се дружела со нас. Како и да е, пожелно е човек постојано и во секој поглед да се усовршува и да бара информации на вистинското место.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *