Сутерен.мк

Македон со златен медал од математичка олимпијада во САД

Македонскиот млад математички генијалец, Македон Димитровски, оваа учебна година ја заврши со уште еден златен медал, овојпат на Математичката олимпијада за основни училишта (MOEMS) во САД.

Македон учествуваше на натпреварот преку училиштето НОВА, каде што има целосна стипендија за образование.

Олимпијадата, основана во 1979 година, е едно од најпознатите математички натпреварувања во САД и светот. Секоја година учествуваат над 120.000 ученици од повеќе од 39 земји.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *