Сутерен.мк

Мегаломански мудрости

Многу ми се допаѓа еден тип, но тој е толку интелигентен што јас не знам понекогаш што да одговорам на неговите коментари?

Мимоза

Мимоза дарлинг, одлучете се што сакате – да го легнете или надмудрите…

Зошто никогаш во животот не ми се случува тоа што посакувам?

Сонувач

Сонувач, дарлинг, јас сакав да работам во трафика за да можам да читам бесплатно стрипови, а завршив како „драга Савета“ !? Никој не ги знае патеките на животот…

Моите многубројни пријатели се многу нестабилни. Некогаш се тука за мене, а некогаш никаде ги нема. Што е работата?

Сашка

Сашка дарлинг, еден искрен пријател е благослов во животот. (Најчесто, се нема ниту еден!) Што ќе ви се повеќе!? Не заборавајте дека пријателите обврзуваат, обврските го комплицираат животот, а компликациите доведуваат до очај…

Што мислите за нашите партиски лидери?

Тони, 29

Тони дарлинг, премала земја сме за вакви мегаломански авантуристи…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Contact Us