Сутерен.мк

Медиумска писменост

„Овие шпекулативни форми се недоволно дефинирани категории од некои новинари“

Никола Кљусев ги „кара“ новинарите затоа што не знаат што е тоа мртва стража.

„Нели застане, значи бега“

Пак Кљусев, но сега со објаснување што е тоа мртва стража.

„Ова е прва држава во светот каде што преку медиумите опозицијата врши тортура врз позицијата“

Томислав Стојановски Далавера, жртва на тортура.

„Ма не никако, ми живимо нормално“

Одговор на Албанец од Арачиново на новинарско прашање дали постои комуникација со соселаните Македонци.

„Вие ќе си смислите прашање и после очекувате јас да го коментирам или демантирам“

Љубчо Георгиевски, премиер кој им ја сфати „финтата“ на новинарите.

„Старт“, 2000 година

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *