Сутерен.мк

Милион долари за стан широк 4 метри?!

Малиот стан се простира на површина од 53 квадратни метри и има бели ѕидови, две бањи, паметни вградени елементи и кујна која се карактеризира со сјајно бели плочки.
Станот во Кенсингтон е широк само 3,96 метри, а се наоѓа во една од најтесните згради во Лондон, но содржи и тераса која е доволна за мал сет за седење и неколку растенија. Според агентите за недвижности кои работат на продажбата на овој стан, неговите сопственици за фантастична сума од еден милион долари, ќе добијат единствена можност да живеат во добро позната локална туристичка атракција.
Во официјалниот опис пишува: „Прекрасен стан со две спални соби и две бањи во поранешно уметничко студио, сместено на еден од најубавите плоштади во Кенсингтон и Челзи, со тераса свртена кон југ. Овој стан е идеално позициониран за сите љубители на шопинг, ресторани и кафулиња, со одлични врски со јавниот превоз“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *