Сутерен.мк

„Модерна“ за деца до 11 години?!

„Модерна“ објави дека нејзината вакцина од две дози генерирала антитела кои го неутрализираат вирусот кај децата, а безбедноста е споредлива со претходните клинички испитувања кај адолесцентите и возрасните.
Панел советници на ФДА во вторник ќе гласаат за одобрување на вакцината „Фајзер/ БиоНтек“ за употреба кај деца на возраст од пет до 11 години!

Вакцината „Модерна“ е одобрена за возрасни на возраст над 18 години, и неодамна доби одобрување за трета доза во некои случаи. Сепак, Управата за храна и лекови на САД (ФДА) сè уште не ја одобрила вакцината за употреба кај адолесценти на возраст од 12 до 17 години.

Шведска ја паузираше употребата на вакцината „Модерна“ кај помладите возрасни групи по извештаите за случаи на миокардитис кај младите возрасни. „Модерна“ изјави дека повеќето несакани ефекти во студијата, во која имало 4.753 учесници, биле со мала до умерена јачина, најчесто замор, главоболка, треска и болка на местото на инјектирање на дозата на вакцината.

Дозите на вакцината користени во студијата содржеле 50 микрограми, што е половина од дозата користена во првите серии вакцини за возрасни. Доза од 50 микрограми е исто така одобрена за употреба како засилувачка доза.

*Извор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *