Сутерен.мк

За поголема граѓанска свесност!

Здружението за развој на претприемништвото и туризмот – Концепт плус започна со реализации на обуки за медиумска писменост во рамките на проектот „Биди информиран“ финансиран од општина Гази Баба. Основна идеја за реализација на овој проект е времето во кое живееме, кога луѓето постојано се опкружени со различни медиуми и информации, неопходно е истите, а особено младите да умеат да се справат со неконтролираниот наплив на различни информации. На луѓето им се потребни нови вештини и знаења за да можат да учествуваат во општствениот живот користејќи ги медиумите и новите информатички технологии во позитивна насока.


Проектот “Биди информиран!„ има за цел промовирање и развивање на медиумската писменост во општина Гази Баба со цел активен придонес кон иницирање и решавање на локални предизвици со кои се соочуваат граѓаните во таа општина. Поради изборните процеси кои се случуваат во 2021 година, медиумскиот простор е преполн со различни видови на информации кои имаат за цел манипулација и свртување на вниманието на граѓаните. Преку проектот граѓаните ќе можат да препознаат што е вест, а што манипулација и ќе се поттикнат да дејствуваат за решавање на локалните предизвици..
Концептот на медиумска писменост е да ја зајакне отпорноста на јавноста, но и способноста за справување со негативните ефекти од феномените кои произлегуваат од лажните вести и „пост-вистината“, како и рушењето на јавната доверба, зголемувањето на говорот на омраза, поларизираноста на политиките и фрагментираноста на медиумите.

  • Промовирањето на медиумската писменост значи поттикнување на критичкото и аналитичкото размислување и развој на граѓанска свесност. Демократско општество претпоставува непречено уживање на правото на слобода на говор и информирање, како предуслов за изразување на граѓаните и активно граѓанство. Истовремено активностите кои се реализираат во овој проект е и да се промовира и да се поттикне поголемо учество на младите во општеството – велат од Концепт плус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *