Сутерен.мк

Мурињо за Пандев: Kралот на Македонија!

Поранешниот македонски фудбалер и освојувач на Лигата на шампиони, Горан Пандев беше дел од „тимот на светот“ на натпревар во Букурешт против златната генерација на Романија од 1994 година

Македонската фудбалска легенда Горан Пандев остави трага на ревијалниот фудбалски натпревар во Букурешт, во чест на најдобрата генерација на романскиот фудбал.

Македонскиот ас постигна гол во дуелот на Тимот на светот и репрезентацијата на Романија, која што во 2004 година се пласира во четвртфиналето на Светското првенство во Соединетите Американски Држави.

Во тој тим на Романија играа легенди како Стелеа, Прунеа, Петреску, Попеску, Радучоју, Димитреску, Лакатуш… За тимот на светот, покрај Пандев, настапија уште Литманен, Коуто, Ривално, Дида, Савиола, Мајкон, Карембу, Стоичков…
По натпреварот, тренерот на Тимот на светот, Жозе Мурињо, објави селфи со Горан Пандев, нарекувајќи го – македонскиот крал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *