Сутерен.мк

На 107 години издава албум

Со речиси 107 години Колет Мазе, се уште ужива да го свири Шуман, Дебиси и Шопен на еден од своите четири клавири во нејзиниот стан во Париз и наскоро ќе го издаде шестиот албум.

Родена е во 1914 година, во семејство од средната класа, а татко и бил сопственик на фабрика за ѓубриво. Се школувала на еден од париските конзерваториуми и имала долга кариера како корепетитор во бројни музички школи.

Мазе вели дека за еластичноста на рацете најзаслужна е јогата и секојдневното вежбање. „Ако престанам да свирам, ќе морам со нешто да ја исполнам фантазијата, а по слатките не сум!“, изјави за Ројтерс.

Нејзиниот единствен син Фабрис Мазе (1949 година) вели дека љубовта на мајка му кон животот, смислата за хумор, грижата за себе и страста што ја поседува за тоа што го работи и е главна гаранција за долговечноста, но и голем мотив и за другите да живеат до последниот здив исполнето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *