Сутерен.мк

Не, не с(м)е сите исти!

Германија денеска ја одбележа и стогодишнината од раѓањето на Софи Шол, иконата на отпорот кон фашизмот, која како студентка била членка на тајното здружение „Бела роза“ кое со ненасилни средства се борело против нацистичкиот режим.

Таа и уште неколкумина членови на здружението се уапсени во 1943 година додека расфрлале антивоени летоци со критики кон режимот на Адолф Хитлер од балконот на Универзитетот во Минхен.

Софи и нејзиниот брат Ханс, четири дена подоцна се погубени бидејќи одбиле да се извинат.

За Софи Шол, нејзиниот брат и останатите членови на тајното здружение кои се спротиставувале на ужасите на национал – социјалистичката идеологија се учи во германските училишта и се обработени во германските филмови и театарски претстави.

Денеска во Минхен, десетици млади учествуваа во театарскиот перформанс за животот на Софи, што беше изведен на отворено поради рестрикциите воведени заради коронавирусот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *