Сутерен.мк

Нова книга на проф. д-р Лорета Георгиевска

Книгоиздателството Ми-Ан ја промовираше новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“, која е дел од едицијата (С)Мисла на 15 мај во Бифе Тафталиџе.

Во својата книга авторката отвора мошне важни и интересни прашања поврзани со културното живеење во Македонија – од архитектурата преку музиката до книжевноста и театарската и филмската уметност.

На само за неа својствен начин Геориевска-Јаковлева прави ретроспективна анализа на настани и дела актуелни во минатата деценија, преку нивна историска „дисекција“ и синхрониско набљудување, со што читателот добива целосна слика за времето и просторот во коишто живееме, како и за животната култура на ова парче земја на коешто егзистираме.

Она што ја прави оваа книга вредна и интересна е што авторката избрала научно-популарен пристап кон теоретската расправа, па на тој начин нејзината истражувачка работа станува лесноразбирлива и достапна дури и за оние што речиси воопшто не се запознаени со темите од областа на културата и на културните политики.

За книгата зборуваа Оливера Ќорвезироска и проф. д-р Славчо Ковиловски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *