Сутерен.мк

Нова мутација на коронавирусот!

Научниците го потврдија постоењето нова варијанта на коронавирусот, која е мутација од варијантите омикрон и делта, а првите случаи на новооткриената варијанта веќе се забележани во Европа и САД и е наречена делтакрон!

 

 

Хибридната варијанта е откриена во неколку региони на Франција, како и во Данска и Холандија.

Од друга страна, идентификувани два случаја на делтакрон во САД.

Новата хибридна варијанта е создадена со процес наречен рекомбинација, што значи дека две варијанти на вирусот заразиле ист пациент во исто време разменувајќи генетски материјал за да создадат ново потомство.

Научниците велат дека јадрото на делтакрон потекнува од делта-варијантата, а неговиот шилест протеин, кој му овозможува на вирусот да влезе во клетките домаќини, потекнува од омикрон.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *